18 Мај, 2024
0.0326

(ФОТО) Интересни идеи за удобна спална соба: идеален кревет за мали станови!

Објавено во: Стил 17 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Кревет и орман во едно? Еве сјајни идеи како да постигнете совршен изглед на спалната соба и да заштедите на простор.

Ентериерот во малите простории може да изгледа пренатрупано, но разни дизјанери на различни креативни начини се досетиле како може да се заштеди на простор.

Така , наместо ормар и кревет кои ви заземаат многу простор, но и кои ви се секојдневно неопходни, своето катче за спиење може да го осмислите со еден ваков кревет кој воедно има и простор за складирање.

Со избор на вистинската боја се постигнува модерен и паметно осмислен простор, кој ќе биде не само функционален, туку и убаво ќе изгледа. Дизајнирањето на мал простор прослави многу компании за мебел, како што е Диел Модус а идејата да се заштеди простор е неисцрпна.

Во рамки на овој практичен ормар, може да искомбинирате мноштво прегради кои ќе ви го олеснат подготвувањето на работи.

files

За да би изгледал вашиот простор поголем, ви предлагаме едноставни, монохрони бои, кои ќе допрнесат на влијанието на големината на просторот.

files (1)

Можете да искористите и интересени полици кои ќе ги поставите над креветот, или кои ќе ви служат како преграден ѕид.

files (2)

Доколку сакате вашиот ормар да изгледа поголем, идеално решение би било да го подигнете креветот и да поставите степеници, со кои се добиваат две нивоа.

files (3)

Со вака организиран простор, акцентот можете да го ставите на една впечатлива работа, како што во овој случај е контрабасот.

files (4)

Секако, овие кревети може да се комбинираат и со завеси, со што се постигнува прекрасен и романтичен изглед на затскриен простор.

Имате ли вие некоја идеја?