(ФОТО) Јужна Бугарија и Бургас под снег - сообраќајот блокиран
Објавено во: Балкан 31 Декември, 2016
Делови од Бугарија се завеани и сообраќајот е отежнат.
На југот од Бугарија и патиштата околу Бургас, во тек е евакуација на луѓе од околу 500 автомобили и автобуси, кои не можат да се движат понатаму заради снежното невреме.
На автопатот „Тракија“ заглавени се во снег, а дел од возилата се судриле меѓу себе.
Досега се извлечени десетици луѓе, меѓу кои има и мајки со деца, како и една бремена жена кои се сместени во градинки во Аитос и во Бургас. Некои луѓе не сакале да ги напуштат своите возила. Многу од евакуираните се сместени во хотели, во згради на противпожарната служба, во градинките.
До застојот дошло откако во верижен судар учествувале 35 автомобили и еден камион кои го блокирале патот.
Гувернерот на Бургас, Вулчо Чолаков, прогласи вонредна состојба во тој регион, а премиерот Бојко Борисов, одржа состанок на кризниот штаб.