(ФОТО) Канадски турист во Санторини платил 590 евра за крвна слика
Објавено во: Балкан 11 Јуни, 2019
Канадски турист платил 590 евра за испитување на крвта на хематолошки преглед и анализа во болницата во Санторини, објавија грчки медиуми. Државната болница го „затрупала“ со пресметки за најразлични „услуги“ и на крајот фактурата била шокантна за посетителот.
„Скаи“ пренесува дека туристите се жапат на прекумерните трошоци и за наједноставните прегледи и испитувања кои се поскапи и до 22 пати во однос на државната тарифа кога странските туристи се обраќаат за медицинска помош.
Според приватната тарифа, трошоците кои ги платил Канаѓанецот не смееле да изнесуваат повеќе од 300 евра. Туристот на крај сепак морал да се раздолжи, но си заминал разочаран.
Од болницата, за која и онака има поплаки дека работи со намален персонал, истакнале дека подоцна ќе излезат со соопштение за јавноста.