06 Мај, 2024
0.0278

ФОТО: Кинеско село во пештера, како луѓето живеат таму?

Објавено во: Стил 13 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Кинеското село Жонгдонг е специфично по тоа што таму живеат стотина луѓе и тоа во пештера.

35952197957ace46c1aebe270342985_v4 big

Селото е во природна пештера, на 1800 метри надморска височина, а до него се стига по неколку часа пешачење.

Поради непристапноста на теренот, луѓето кои живеат во селото се борат за опстанок.

Владата го затвори училиштето кое беше отворено во 2011 година со изговор дека Кина не е земја на пештерски села.

Сега децата пешачат по два часа за да стигнат во друго училиште на часови.

Во пештерата имаат и кошаркарски терен.

Мештаните лобирале кај локалните власти за да се поврзат инфраструктурно од пештерата до други важни објекти.

Жителите на ова село повремено имаат пристап до телевизија и весници, но генерално се исклучени од надворешниот свет.

194380858157ace46c722c1247258675_v4 big 151672683457ace46bcc75f851260248_v4 big 162245454957ace46c3dd2c701944798_v4 big