27 Април, 2024
0.0287

ФОТО: Кои градови имаат најдобар ноќен живот!

Објавено во: Стил 27 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во кој град туристите можат најубаво да си поминат? Сајтот за резервации „hotels.com“ праша 27 000 патници, каде има најдобра забава и одличен ноќен живот. На списокот се наоѓаат три американски и два шпански градови. Германската престолнина пак се наоѓа во средината на листата. Еве го рангирањето: 10. Бангкок На десеттото место се најде Бангкок. На сликата се гледа дека е забавно, деца и млади луѓе танцуваат на хитот „Gangnam Style". 9. Лос Анџелес Вториот по големина град во Америка не е само почеток на филмската индустрија. Тој нуди одличен ноќен живот со многу и различни барови и клубови. 8. Мадрид На сликата го гледате плоштадот Сибелес (Plaza de Cibeles) во Мадрид. Овој плоштад е симбол за навивачите на Реал Мадрид. Градот со своите 3.2 милиони жители нуди многу можности за забави, дури и во работни денови. 7. Амстердам Во почетокот на декември Џенет Екелман ја создаде оваа обоена светлосна инсталација која се гледа убаво од каналите, како и од ниските згради. Градот со 800 000 жители има да понуди неповторлива вечер на своите посетители, поради што и се најде на седмото место. 6. Берлин Кога сонцето во германската престолнина ќе зајде, туристите се ставени пред огромен избор: дали сакаат да слушаат музика во живо, да одат на технозабава или во некој клуб кој се наоѓа во подрум, или можеби да уживаат во панорамската ноќна прошетка по реката. На листата на британското списание „DJmag“ со стоте најдобри клубови во светот се наоѓа и Берлинскиот клуб „Berghain“ на 13-то место, како и „Watergate“ на 45-то место. 5. Барселона Во септември базиликата „Саграда Фамилија“ во Барселона беше осветлена о посебен шарм. Вториот по големина град во Шпанија, со своите 1.6 милиони жители, се најде на петтото место на листата. 4. Париз Вака изгледа Парискиот Нотр Дам во текот на ноќта. Француската престолнина несомнено е една од најпопуларните дестинации за забава во светот. Различните клубови и барови носат долги и бурни ноќи, кои лесно можат да траат се до утрото. 3. Лондон Лондон, исто така, има многу нешта да понуди во текот на ноќта, поради што испитаниците патници овој град со 8.1 милиони жители го ставија на третото место. 2. Лас Вегас Во градот на коцкањето, ноќите се топли, а клубовите - климатизирани. Во овој град светлата никогаш не се гаснат, затоа и тој се најде на второ место на листата најпопуларни градови за ноќен живот во светот. 1. Њујорк Њујорк им нуди на посетителите, како и на своите 8,2 милиони жители, бесконечен избор на клубови и барови со различна големина и во различни стилови. Таму секој би можел да го најде своето место!

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти