07 Мај, 2024
0.2233

ФОТО: Кои се најмирните земји во светот?

Објавено во: Стил 05 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Ако сакате да избегате од тензиите и да се одморите на безбедно место, оваа листа ќе ви помогне да ја изберете следна дестинација. Добро е што 10-те најмирољубиви земји во светот се и едни од најубавите.

Исланд е најмирољубив земја во светот, се наведува во извештајот „Глобал пис индекс". Државата не се меша во меѓународните конфликти и ретко е на насловните на весниците, иако исландски банки беа во колапс пред неколку години. Земјата е позната главно со своите природни убавини. Илјадници туристи од сите краеви на светот ја посетуваат Исланд, за да ги видат огромните глечери и вулкани, а и природните и културни знаменитости во Рејкјавик - главниот град на земјата.

bbbbbbbbbbbb

Данска е на второ место на листата. Луѓето во Данска преферираат да се фокусираат на економијата, а не да се вмешани во вооружени конфликти. Самите Данци едноставно се многу пријателски расположени и отворени луѓе.

Нов Зеланд спаѓа во првите три и  тоа е земја на неверојатна природа и пријателски настроени жители.

ccccccccccccc

Со своите популарни летувалишта во Алпите, како и културни центри како Виена, не е изненадувачки фактот дека Австрија е на оваа листа.

dddddddddddd

Швајцарија исто така спаѓа во листата на најмирни земји. Државата има добро функционална влада и отворена политичка култура. Тоа е и една од земјите со најниски нивоа на насилство.

Јапонија  е со уникатно културно наследство и трета економска сила во светот. По завршувањето на Втората светска војна земјата е навистина опуштена - со малку внатрешни конфликти и криминал.

Финска не е позната по својата борбеност, но и покрај тоа таа е меѓу земјите со задолжителна воена служба за младите. Единствените воени дејствија кои Финска ги прави е во  мисии - како членка на ОН.

Канада не само што е една од најпознатите мирољубиви држави во светот, но е и со еден од највисоките стандарди за живот.

Шведска е една од најбогатите европски држави. Позната е по развиениот социјален систем и високиот квалитет на живот.

Белгија е меѓу мирните земји во Европа и светот. Главниот град Брисел е седиште на бројни меѓународни организации.