05 Мај, 2024
0.0256

ФОТО:Кои се најромантичните градови на светот?

Објавено во: Стил 21 Април, 2016

Добивај вести на Viber

На листата на Индепендент најромантични градови на светот се Париз, Даблин, Мелбурн, Кејптаун, Маракеш, Единбург, Сан Себастиан, Фиренца, Буенос Аирес и Киото.

6666

Париз-„Мулен Руж", Ајфеловата кула, прошетка или крстарење по реката Сена, прекрасните мали улички со безброј кафулиња. На секој агол Париз го нуди она што некогаш сте го замислиле како романтично.

Даблин- Нуди замоци, култура, катедрали, а пејзажот е неверојатен - брановидни зелени ридови  во градот, чиј центар е многу жив.

Мелбурн- Австралиското списание „Traveler" го прогласи за  најромантичен град за 2013 година, опишувајќи го како „мал Париз во текот на денот, мал Њујорк во текот на ноќта". Со ресторани и барови, со најубавите градини овој софистициран град е вклучен во рангирањето.

22222

Кејптаун- Нуди изобилство од префинети ресторани, релаксирачки бањи и одморалишта, романтично јавање на плажа. Ќе можете да уживате во величествени зајдисонца и многу други убавини, кои го одземаат здивот.

3333

Маракеш-Познат е како „црвениот" град, изобилува со пазари, зачини чиј мирис го исполнува воздухот, шарени гоблени кои го украсуваат градот. Овој град е егзотичен и уникатен.

Единбург- Шкотската престолнина е исполнета со мистерија, интрига и романтика.

Сан Себастиан- Тој со своите плажи е туристичка дестинација, популарна во целиот свет и многу Европејци одат на викенд одмор таму. Градот нуди сончеви плажи, кои според некои се најдобри во Европа.

Фиренца- Ренесансниот град е познат по својата неверојатна архитектура и светски позната уметност. Нема сомнение дека љубителите на уметноста нема да сакаат да си заминат од Фиренца, но овој град ќе ве освои дури и да не сте таков познавач.

55555

Буенос Аирес-Главниот град на Аргентина ќе ве освои сите со едно - ноќниот живот. Од неверојатни ресторани до ноќни клубови кои не затвораат до 8 часот.

Киото-Далечна, егзотична и многу романтична дестинација. Тој е јапонски мирен и историски град, кој има многу да понуди за посетителите.