03 Мај, 2024
0.0288

ФОТО: Кој е најмалиот град на светот?

Објавено во: Стил 10 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Најмалиот град на светот е на Балканот, а од неодамна и во ЕУ.

2

Оваа титула за најмал град на светот му припаѓа на хрватскиот средновековен град Хум. Тој се наоѓа во централниот дел на Истра, на 7 км од Роча, и на 14 км од Бузета. Хум е  на надморска височина од 349 метри.

3333333333333

Има 17 жители кои живеат во 4 домаќинства. Во овој мал и необичен град во црквите има фрески од 12 век.

Од настанувањето па до денес во Хум ништо не се градело.  Во 11 век е изградена прво тврдина, а потоа и куќи. Градот привлекува многу туристи, се негуваат старите обичаи и се одржуваат „Денови на Хум“, настан на кој мажите од селото бираат поглавар.

HUMprofimedia4038_1000x0

Хум се одликува со тесни улички и камени градби.

За Хум се врзани многу легенди, а патувањето во овој дел на Хрватска е незамисливо без посета на овој град.