17 Мај, 2024
0.0293

ФОТО: Koj e најпопуларниот туристички објект во светот?

Објавено во: Стил 23 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Капаличаршија во Истанбул е најпопуларниот туристички објект во светот.

2

Ова е најстар и најголем покриен пазар во светот кој ја предводи листата на списанието „Тајм".  Го посетуваат секоја година во просек по 91.250.000 луѓе. Тој е еден од симболите на градот крај Босфорот. Списанието наведува дека во чаршијата, изградена во 15 век има околу 4.000 продавници во кои се продава рачно нацртан порцелан и керамика, персиски килими, накит, зачини  и многу други сувенири и предмети.

3

„Не грижете се да се оддалечите од продавачот, ако предложената цена не ви се допадне. Советуваме оние кои не сакаат шопинг, да пробаат  гиро или да испијат чаша горко турско кафе "-препорачува „Тајм ".

Денеска, дневно во чаршијата влегуваат до  400,000 луѓе, а во целиот комплекс има вработено околу 26,000 луѓе.

ISTANBUL'UN KALBI TARIHI CARSILARINDA ATIYOR