(ФОТО) КОЛКУ ИМА НА БАЛКАНОТ: Топ 10 најубави плажи во Европа
Објавено во: Стил 16 Јуни, 2016
Европските плажи се уште привлекуваат стотици милиони туристи годишно и успешно се натпреваруваат со најубавите плажи на Австралија, Америка, Азија и Африка.
Медитеранот уште е топ дестинација и на глобално ниво нема друг кој привлекува повеќе посетители. Видете ја листата на најубавите плажи на Стариот континент:
10. „Jaz Beach“, Црна Гора
Тоа небесено парче е добро чуваната тајна во Црна Гора. Се наоѓа во општина Будва. Таа се наоѓа 2,5 км западно од Будва. Се состои од два дела, долги 850 метри, а од друга страна, порано нудистичка плажа, долга 450 м. Тоа е песочна плажа, со кампови долж поголемиот дел од плажата (со капацитет од 2.000 места).
И покрај тоа што е популарна плажа за сончање и кампување, и е една од најубавите плажи во Црна Гора, таа се здоби со светска слава како домаќин на голем број концерти и случувања во последните неколку години.
9. „Bantam Beach“, Англија
Англија е позната по лошото време, но и покрај тоа има неверојатни плажи а „Bantham Beach“ е една од нив. Чиста, безбедна и релаксирачка плажа која е софршена за сурфери.
8. „Cale Goloritzé“, Сардинија, Италија
Во Италија има голем број на убави плажи, кои можете да ги посетите. Кристални води и прекрасната природа наоколу, придонесуваат за овие неверојатни глетки.
7. „Voutoumi“, Антипаксос, Грција
Грција не отстапува по ништо од останатите крајбрежни плажи во Европа. „Voutoumi“ е една од многуте плажи во Грција, кои ќе ве импресионираат.
6. „Cala Mariolu Baunei“, Италија
Друг посетувана и обожавана плажа на островот Сардинија е „Cala Mariolu Baunei“. Таа е позната како одлично место за нуркање.
5. „Rondinara Beach“, Корзика, Франција
Тоа е најубавата плажа во Франција. Со форма на полумесечина, плажата привлекува со фин песок и тиркизни води.
4. „Cala Macarella“, Менорка, Шпанија
Често опишувана како една од најдобрите плажи во светот, „Cala Macarella“ е поделена во два паркови. Убавината на пејзажот и кристалната вода, ја прават толку многу импресивна и посакувана од туристите.
3. „Praia da Marinha“, Португалија
Најпознатата исконска плажа во Португалија и дестинација број 1 за туристите е „Praia da Marinha“. Прекрасните карпи и дивината се магнет не само за Европејците, но и за посетителите од целиот свет.
2. „Curonian Spit“, Литванија
„The Curonian Spit“ е сместена во средината на Балтичкото Море во Литванија. По должината се протегаат и најдобрите плажи во земјата.
1. „Navagio Beach“, Закинтос, Грција
Нај запаметена и неверојатна плажа за сите. Веќе неколку години Закинтос е топ дестинација и привлекува илјадници туристи секое лето. Тој е трет по големина од Јонските острови, а плажата „Navagio Beach“ ги остава туристите без здив.