(ФОТО) Колку луѓе загинаа во земјотресот во Индонезија?
Објавено во: Свет 16 Декември, 2017
Во силен земјотрес од 6,5 степени кој вчера го погоди индонезискиот остров Јава загинаа најмалку три лица.
Станува збор за 62 годишен маж во градот Циамис и 80 годишна жена од Пекалонган кои загинале откако нивните домови се урнале.
Третата жртва е 34 годишна жена од Јогјакарта која починала откако скокнала од прозорецот на нејзиниот дом.
Околу 900 куќи се оштетени, како и општински згради во централниот и западниот дел на Јава.