26 Април, 2024
0.0275

(ФОТО) Куќичка од 15 квадрати изгледа досадно: Но, кога влезете во неа ќе сфатите зошто чини 200 евра за викенд!

Објавено во: Стил 04 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Мала куќичка во шума во Бостон некогаш била приватна, многу драга сопственост на едно семејство, а денес два студенти од Хардвард ја изнајмуваат на сите оние на кои им треба „бегство од секојдневието“.

Мала дрвена куќичка опкружена со шума. Внатре мал простор но многу убаво организиран нуди чуство на безбедност и убавина, а преубавата боја на дрво во комбинација со зеленилото на околината дава впечаток на бајка, нешто нереално што сакаме да го почуствуваме по премногу реални и сиви денови во секојдневието на градот.

Името на куќата е Овида и има многу сентиментално значење за нејзините сопственици. Кога биле деца тоа за нив било излез од соништата. Имале баба која секое дете би ја посакало. 

Скришно им донесувала слатки за да седат мирно во црква, првите социјални игри ги научиле од неа, таа ги успивала или носела во кревет кога заспијат на кауч. Готвела најубаво.

Овида била нивното место за одмор и соништа, а денес го изнајмуваат преку сајт за сите оние кои сакаат да уживаат на ова харизматично место.

Слични куќички никнуваат во околината на Масачусетс и Њујорк, на површина од 15 до 18 квадратни метри а цените се движат помеѓу 90 и 120 евра од ден.

Пит Дејвис и Џон Став, колеги и основачи на оваа куќичка, велат дека ова е иднината на викенд пикнигот.

Имате чуство како да сте на кампување, не ви требаат премногу работи, а повторно уживате во удобниот простор од детството за спиење.

(Фото: getaway.house/ovida/

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти