26 Април, 2024
0.0262

ФОТО: Куќите на ѕвездите во Мајами

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2013

Добивај вести на Viber

Мајами е еден од најатрактивните градови во САД, па многу познати личности имаат свој имот таму. Погледнете некои од најубавите имоти на ѕвездите во САД: Били Џоел Во 2006 година ја купи оваа вила , но во 2012 година повторно ја огласи за продажба. Таа има површина од 743 квадратни метри и чинеше 14.75 милиони долари. Шер Во 1993 година Шер ја купи оваа куќа на плажа и ја преобрази во раскошна вила во медитерански стил . Таа ја продаде во 1996 година. Од тогаш наваму куќата се дава под наем и во неа живееле Џенет Џексон , Хулио Иглесијас и други познати ѕвезди . Лил Вејн Куќата на раперот е на плажата на островот Ла Горс.Таа има површина 1400 квадратни метри , има базен , гаража за три возила и куќа за гости со три спални. Ана Курникова Оваа куќа и припаѓаше на Ана Курникова , но таа ја продаде минатата година за 7.43 милиони долари. Куќата се наоѓа на Сансет Ајланд . Има базен , сауна и куќа за гости на два спрата. Ванила Ајс Раперот одамна не живее тука . Тој е познат по тоа што често купува имот, го реновира и го продава за повисока цена. Рики Мартин Рики Мартин ја купи оваа куќа во 2007 година. Уште следната година тој ја објави за продажба по цена 22.5 милиони долари. Купувачи сепак немаше . Мартин го продаде имотот дури во 2012 година и тоа за 10,6 милиони долари , значително помалку отколку што сакаше . Леброн Џејмс Кошаркарот ја купи оваа куќа во 2010 година за 9 милиони долари. Таа има 6 спални , винарска визба , библиотека и кино.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти