26 Април, 2024
0.0340

(ФОТО) Летувањето во екс Југославија беше закон: Потсетете се зошто!

Објавено во: Стил 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Сезоната на одмори е во ек, а просечно македонско семејство повторно прави план како оваа година да скрпи крај со крај и да помине неколку дена на море, впивајќи сончеви зраци и уживајќи во заслужениот одмор.

Но, со оглед на финансиската ситуација во просечните семејства, заминувањето на море и не е баш едноставно.

Токму тоа е вистински момент за малку носталгија и враќање во времето кога се било се поедноставно, а многу од нас/вас само деца, целосно незаинтересирани за тоа како родителите имале пари да ни/ви го дозволат тоа брцкање во вода.

Па да почнеме.

Мама би подготвила сендвичи за пат. И тоа оние „вистинските“ со салама...

Стариот би ги „фрлил“ куферите во автомобилот (или приколка, ако за тоа имало потреба) ...

Сокови и храна ќе натрупавме во преносните фрижидери.

Ќе ги спуштевме прозорите...

И ќе тргневме на пат...

По стариот пат секако...

Возилата и не биле кој знае што, но имаа некој шарм. И ако им е за верување на рекламите, жените ја сакале таа неодолива Застава 101 ...

Некои би заминале во кампови

А ако финансиите биле на место, можеби и некој хотел...

Каде утрата ќе ги дочекувавме со ваков поглед

Тука се и еспадрилите ...секако

За старците тоа беше време да одморат и да фатат малку боја додека не ја добијат таа „Плава лагуна“ нијанса...

А на децата совршено за игра ...

Малку нуркање...

Уживанција во сладоледи


Или сокови...

Гимите за пливање и душеците тогаш беа далеку поквалитетни и не се уништуваат истиот момент кога би се допреле со камени (посебно оној црвено плавиот-неуништлив)

Само нагазнете на пумпата и тоа е тоа ...

На пријателите и семејството (баба, дедо, тетка) ќе им пратите разгледница...

А вие направите неколку фотки кои во времето пред Инстаграм и Фејс ги гледавте само вие, а не секој љубоморен несреќник кој по ваш повод е присилен да ги гледа на копно се додека не ви кликне unfolow...

И додека некои веруваа дека на фотките изгледаат вака...

Имаше тука незанемарливо полно катастрофални модни одлуки

Но, нема врска, бевте подготвени...

Ќе се оптегневте на плажа и ќе читавте книга ... Во ред де, стрипови...

Ќе се качевте во чамецот на дување...

Или ќе ставевте наочари за сонце да не видат дека гледате како сек*уален манијак бидејќи според фотките на плажите во осумдесетите имало што да се види...

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти