(ФОТО) Максим Димитриевски: Во кумановската гимназија се изработува мурал на нашата гордост Гоце Делчев
Објавено во: Македонија 07 Април, 2023
Kумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски соопшти дека во тек е изработка на уникатен мурал на зградата на средното општинско училиште гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.
„Денеска во кумановската гимназија „Гоце Делчев“ се изработува мурал на нашата гордост, истакнатиот македонски револуционер и великан Гоце Делчев. Гоце е синонимот на македонската борба и еден од најголемите македонски преродбеници. Среќен сум што и преку едни вакви креативни идеи ги запознаваме и едуцираме децата и младите за македонската историја и за личностите кои се темелот на нашата државност“, пишува Димитриевски на социјалните мрежи.
Димитриевски во интервју за бугарската национална телевизија претходно изјави дека тој во кабинетот има слика од Делчев, но негова слика нема во канцелариите на неговите бугарски колеги. Херојот Делчев е тема која последниве години ги вжетува македонско - бугарските односи.