27 Април, 2024
0.0259

ФОТО: Малдивите станаа лидер во луксузниот туризам!

Објавено во: Стил 26 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Во октомври 1972 година жителите на Малдиви го градат првото одморалиште. Оттогаш до денес,продолжува приказната за успехот, Малдивите прераснуваат во лидери во луксузниот туризам, пишува „Die Welt“. На трети октомври 1972 година четворица млади жители кои  за прв пат стапнале на белите плажана Малдивите , кои дотогаш бил непознати решиле да го основаат веќе добро познатото одморалиште „Kurumba Maldives". Во шеесетите,  Обединетите нации ги имаа прогласено Маледивите за целосно несоодветни за туризам, поради нивната географската локација. Тешко е денес да се замисли како првите 30 колиби таму првично биле изградени од корали, кокосово дрво и палмини лисја.  „Kurumba Maldives" се уште е во приватна сопственост. Одмаралиштето е резервирано 96% во текот на целата година. Се состои од 180 луксузни соби за сместување во различни категории - од „Superior Room“ во „Pool Villa“ до „Royal Residence“ ... Има и осум ресторани со меѓународни и локални специјалитети. Од пристигнувањето на првата група туристи од Европа во 1972 година, бројот на туристите е зголемен од 1 000 до 850 000 луѓе годишно во повеќе од 100-те  одморалиштето на Малдиви. 30 проценти од бруто домашниот производ доаѓа како приход од туризмот и дава работа на над 22 000 лица. Денес Малдивите се лидер во луксузниот туризам. Гостите можат да се оддадат на слатко безделничење и тоа не само во "Kurumba Maldives", туку и во многу други луксузни објекти на Малдиви. А по еден мирен ден, можат да уживаат во неповторливата глетка кон Индискиот Океан под сенката на некоја плажа.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти