Фото: Мерцедесот од 600.000 евра лично нарачан од Груевски во лоша состојба
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2017
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред новинарите но, и целата македонска јавност го прикажа службениот Мерцедес кој според прислушкуваните разговори кои СДСМ ги објави бил нарачан лично од страна на Груевски според неговите апетити, а за набавката била ангажирана и екс министерката за внатрешни Гордана Јанкуловска.
Ова е Mерцедесот вреден 600.000 евра кој Груевски лично си го нарачуваше. „Фантазија е, авион“, тогаш разговараа со екс министерката Гордана Јанкуловска.
Со години Мерцедесот беше криен од јавноста, планиран да биде користен само за патувањата на Груевски надвор од државата за да не го открива луксузот пред граѓаните.
Новиот министер Спасовски реши да го прикаже пред целата јавност за да се види во каква состојба е сега „тоа на М“.
Х.С.