(ФОТО) МИС: Ова е најубавата жена во светот за 2015-та
Објавено во: Свет, Стил 20 Декември, 2015
На овогодинешниот избор на Мис на светот кој се одржа во Кина, за прв пат круната за најубава жена ја доби претставничката на Шпанија. Дваесет и тригодишната Миреја Лалагуна Ројо од Барселона е ибрана за Мис на светот во 2015 година, од вкупно 113 кандидатки.
„Без љубовта која ја добив од сите луѓе кои ги сретнав и од сите луѓе од целиот свет кои ми посакуваа сè најдобро и ме поддржуваа дома, никогаш немаше да стигнам дотука. Сакам да му покажам на светот дека ја заслужувам титулата Мис на светот и се надевам дека сите ќе се гордеат со мене“ – изјави победничката.
По неа, на второ место се најдоа Софија Никитчук од Русија и Марија Харфанти од Индонезија. Помеѓу финалистките се најдоа и Мис Јамајка и Мис Либан.