26 Април, 2024
0.0705

ФОТО: Мистер Бин побара милион евра за поправка на својот автомобил!

Објавено во: Стил 08 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Британскиот актер Роуен Аткинсон, попознат како Господин Бин, побара над милион евра за поправка на автомобилот Мекларен Ф1 од осигурителната компанија.

Актерот овој суперавтомобил го уништи во сообраќајната несреќа пред повеќе од една година, кога излета од патот, удри во дрво и го повреди рамото. Речиси еден месец им било потребно на вработените на осигурителната фрима да ја проценат штетата која настанала на автомобилот на Аткинсон.

На актерот му се понудени две опции, нов автомобил или поправање. Аткинсон бил премногу врзан за овој автомобил и се одлучил на поправање, кое траеше повеќе од една година во центарот на Мекларен. Аткинсон го купи автомобилот во 1997 година за околу 750.000 евра( тогашни 650.000 фунти).

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти