30 Април, 2024
0.0434

(ФОТО) Најскапата вила во светот се продава за 300 милиони евра

Објавено во: Стил 04 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Луксузна вила на Азурниот брег е ставена на продажба за 300 милиони евра. „Villa Les Cendres“ се наоѓа во регионот Сен Жан Кап Феран, полуостров на исток од Ница, кој е популарен со своите луксузни имоти, високи цени и приватни плажи.

port

Областа е прогласена за втор најскапа во светот по Монако. Сопственици на имотите таму се исклучително богати луѓе од светската елита - фамилијата Ротшилд, руски олигарси и американски технолошки милијардери.

gardenview

Британскиот писател Сомерсет Моам кој имал куќа во регионот, ја дефинира како „„Ликот на Монако за луѓе опседнати со вкус“.

view1

Над 90 години вилата е сопственост на фамилијата Марние, производител на популарниот коњак „Grand Marnier“. Неодамна нивниот бизнис беше стекнато од италијанскиот алкохолен гигант Campari, а со него и луксузниот имот. Италијанската компанија веднаш ја даде на продажба.

villa2

„Не сме навикнати да работиме со слични средства. Ние само продаваме алкохол, не поминуваме време во вили за стотици милиони на француската ривиера“, ги објаснил мотивите за продажба извршниот директор на Campari Боб Кунц-Кончевиц.

oldphoto2

Вилата е изградена во 1830 година, а во 1904 година е купена од белгискиот крал Леополд II за негова летна резиденција. 20 години подоцна станува сопственост на Александар Марние Лапостол, творец на брендот коњак „Grand Marnier“.

ancientphoto

Луксузната резиденција има неколку згради, консиерж, гостинска соба, винарија, раскошни градини со поглед кон сините води на Средоземното Море и цели 25 загревани стакленици.

garden1

Таа е светски позната со богатата палета од разновидни растенија - ботаничка градина со над 40 илјади видови, од кои 15 се тропски.

villalescendres3

„Продажбата на слични имоти се случува еднаш или 2 пати во една деценија“, истакна Кунц-Кончевиц. Купувачи од Блискиот Исток и Северна Америка веќе пројавиле интерес кон супер луксузната вила. Ако договорот со резиденцијата се случи, таа ќе се претвори во најскапиот станбен имот, продаван некогаш.

villa

Досега овој рекорд му припаѓаше на замокот на Луј XV во близина на Париз, кој беше продаден за рекордни 275 милиони евра.

zaliv1

Campari најверојатно ќе задржат 80 милиони ева вра од продажбата, останатите ќе бидат исплатени на акционерите на Grand Marnier, а  секој од нив ќе добие просек по 8.000 евра по акција.