26 Април, 2024
0.0304

(ФОТО) НАЈСКРОМНАТА КРАЛИЦА НА СВЕТОТ: Никогаш не сонувала за круна, сега владее со најсреќната земја!

Објавено во: Стил 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Кралицата на Бутан Џецун Пема (25), е најмладата кралица на светот која медиумите ја нарекуваат „Кејт Мидлтон од Хималаите“, ги воодушевила жителите на оваа мала држава со својата убавина и скромност.

Џецун живее во скромна колиба и со мажот, кралот Џигме Кесар Намѓел Вангчук, не отишла на меден месец, туку пешачела низ Бутан и ги запознавала поданиците.

Младата кралица, која неодамна го родила првото дете, е родена во семејство кое имало врска со кралското семјство но била без титула.

Нејзиниот татко Дондуп Ѓалтшен, пилот на Друк-ера, е полубрат на поранешната кралица. Исто така, нејзината мајка Сонам Чуки потекнува од старо автократско семејство и е кумче на бутанскиот принц. И нејзината сестра Јеџо Ламо е омажена за кралскиот брат, принцот Џорџиј Вангчук.

Џецун се школувала во Индија, каде уживала во кошарка и сликање, а редовно освојувала награди на натпреварите во дебата и ораторство. Течно говори хинди, англиски и џонгка, официјален јазик на Бутан.

Сепак, таа со двете нозе е на земја.

„Таа не фантазира. Мислам дека никогаш не сонувала дека ќе стане кралица“, рекол еден нејзин поранешен професор.

Студии на меѓународни односи и психологија завршила во Велика Британија. Се верила со кралот кога имала 21 година и со тоа предзивикала многу полемики, бидејќи младиот пар го прекршил протоколот и решил да и се спротивстави на традицијата договорени бракови. Прекршиле уште една норма-живееле заедно и пред да се венчаат.

Нивната љубовна приказна навистина потсетува на бајка. Се запознале на семеен пикник кога Џецун имала седум, а тогаш идниот крал 17 години . Тој тогаш клекнал пред неа и ѝ рекол дека би сакал таа некогаш да биде негова жена. „Кралот змеј“ како што го нарекува народот, станал монарх во 2006 година кога неговиот татко го абдицирал. Одлучил на круната да и одземе апсолутна моќ и отвори пат на демократијата и уставната монархија. Се венчал со Џецун истата година кога и Вилијам и Кејт, но нивната цермонија била потполно поинаква.

Тоа била петчасовна будистичка церемонија во тврдина од 17 век, а младата носела традиционална носија. Интересно е дека во Бутан е дозволена полигамијата, а неговиот татко тоа го искористил оженувајќи дури четири жени. Таа неодамна му родила и наследник.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти