(ФОТО) НЕМА ДА ГО ПРЕПОЗНАЕТЕ: Ова е изгладнетото момче кое го спаси Ања
Објавено во: Свет 22 Август, 2018
Ања Рингрен Ловен од Данска се занимава со хуманитарна работа. Оваа жена и нејзиниот маж Мавид Емануел Умем го управуваат домот за сирачиња во југоисточна Нигерија, каде се сместени децата кои ги напуштиле семејства поради суеверија.
Таа пред две години спаси момче од сигурна смрт. Го најде како лута по улиците изнемоштен и гладен. Изгледаше дека нема да преживее, но нејзината грижа е заслужна што ова момче денес гордо се смее.
Ања редовно ја известува јавноста за здравјето на ова момче и неговиот живот. Минатата недела објави пост на Фејсбук кој се однесуваше на момчето на кое му го даде името Хоуп, што значи надеж.
„И понатаму добивам многу прашања кои се однесуваат на Хоуп. Како што знаат повеќето од вас, Хоуп пред неколку месеци доби ушен апарат. Сега го носи и реагира на звуците околу себе. Се врти кога го викнеме дури и од голема оддалеченост“.
Погледнете како изгледа сега момчето.