(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Снежната бура во САД снимена од вселената
Објавено во: Свет, Стил 23 Јануари, 2016
Астронаут на НАСА објави фотографии од големата снежна бура, што утрово го зафати источниот дел на САД.
Скот Кели успеал да направи неверојатни фотографии од Меѓународната вселенска станица, на кои се гледа големиот бел облак над источниот брег.
Инаку, бурата „Сноузила”, наречена по чудовиштето „Годзила” од истоимениот филм, зеде најмалку 10 човечки животи. Смртоносното невреме остави без струја и десетици илјади домаќинства.
Се очекува нејзиниот ефект да го почуствуваат повеќе од 80 милиони луѓе, од 15 сојузнички земји.