27 Април, 2024
0.0261

(ФОТО) Невидливата вила во Грција

Објавено во: Стил 09 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Треперлива бесконечност  на базени го формира покривот на една куќа дизајнирана од страна на „Kois Associated Architects“, на грчкиот остров Тинос ...

Мираж вилата на грчкиот остров Тинос е дизајнирана како „невидлива“оаза, каде што нејзините жители можат да уживаат во прекрасениот поглед на Егејското Море, скриен од љубопитните очи.

Дизајнерскиот тим одлучил да сокрие дел од зградата во пејзажот, а потоа да создаде голема надворешена дневна соба, која ќе биде сокриенa под еден чадор на базенот. Основните барања на клиентите биле видливоста и приватноста. На почетокот дизајнерите беа навистина загрижени со концептот на невидливост. Тоа ги загржувало на прашањето: „Како да се направи невидлива зграда?“. Сепак, одговорот го пронашле во имитација на пејзажот.

Визуелниот ефект на огледување на базенот во комбинација со концептот на невидливост потсетува на визуелна појава Мираж, според која проектот е именуван.

Елегантни камени ѕидови го опкружуваат внатрешниот дел, а исто така главниот влез на зградата - дизајниран да се споредат традиционалните ѕидови кои се користат низ живописните грчкиот пејзажи. Куќата се наоѓа на природно плато, овозможувајќи лесен распоред на приземјето, со три спални соби и посебна кујна и дневна соба на отворено.

Внатрешните ѕидни површини обезбедуваат природна изолација, а локацијата ги штити изложените делови на вилата од морските ветрови.

[gallery]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти