26 Април, 2024
0.0286

(ФОТО) НИКОЛА ГО ЖИВЕЕ АМЕРИКАНСКИОТ СОН: Направил чинија за која полуде светот

Објавено во: Балкан 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Стан во центарот на Белград, приватна работа и солидни примања. Сето тоа го имал Никола Вучичевиќ (37) пред да замине во Соединетите Американски Држави.

Бил сопственик на своето време и често патувал на долги патувања, но често се прашувал дали може и подобро од тоа, односно дали е неопходно да бидеме на магаре само за да би сакале коњ и смееме ли додека сме на коњ, да сонуваме за Пегаз.

Од 2013 година Никола со сопругата Јелена (34) живее во Чикаго каде работи како графички дизајнер и моментално го усовршува еден од своите најнови производи, паметна чинија „Heart PlateTM“.


Се работи за  три чинии кои треба да одговорат на денешните предзвици во исхраната на луѓето, бидејќи една е биоразградлива, втората е керамичка, а третата е паметна.

Тоа е најголем предизвик бидејќи подразбира технологија, BMI сензори (индекс на телесна маса) кои преку апликација се поврзани со телефонот на корисник. Врз основа на тоа, после допирот на плочките со BMI добивате резултат на вашиот телефон и препорака што да јадете. На овој мој дизајн Американците реагираат многу добро, посебно вработените во медицинската индустрија. Овој производ е високо наградуван и многу почитуван концепт кој спојува три важни индустрии: медицина, исхрана, и технологија.


Имавме толку пари да купиме нов компјутер и да најдеме стан и да тргнеме од позитивна нула. Во српската или балканската заедница во Америка, постои фама околу пронаоѓањето и одобрување на бизнис врски, на кои се гледа како невозможна мисија, а за нас тоа беше најлогичен и најприроден пат. Бидејќи, Америка препознава таленти и квалитетна работна сила-вели Никола за „Приказни со душа“.

На тој пат на успони и падови успеал да се одбрани од луѓе кои кукаат, од притаени инхибитори, од оние, како вели Никола, кои левитираат во животот-дишаат, а не живеат. Кога и да би доживеал пад, загубата на мотивација или кога би се посомневал во себе, би се сетел на својот дедо и сфатил дека неговата „борба“ кон асимилација, спрема онаа на дедо му, е неспоредливо лесна.

Првата работа стигнала и Никола почнал да работи со фирма од Аризона која се занимава со интернет маркетинг во медицинската индустрија. Се јавиле клиники, осигурителни компании, фирми за недвижнини. Од јануари 2014 година Никола направил повеќе од 60 интернет сајтови, а моментално е ангажиран на 17 проекти.

Кога се работи за паметната чинија, како и на патот на жестока промоција, многу му помогнале луѓе од Србија кои имал прилика да ги вработи, програмери, копирајтери, аниматори, сниматели и дизајнери... Тие го виделе она што и тој и имале доверба во визијата на Никола.

„Парите не им беа главен двигател, што е клучна работа за успех. Тоа се луѓе со душа. Тоа не се обични луѓе, тоа се зрели личности со чисто срце, искрени во своето знаење, жедни за работа. Тоа се луѓе кои се експедитивни, кои брзо одговораат на мејлови, кои се одговорни и како такви можат да им одговорат на потребите на овој пазар. Фала им многу на сите!.“

Пред да ја напушти татковината работел на многу проекти, а за неговите производи се слушнало во 26 земји на светот, на речиси сите континенти. Иако сакал да остане во Србија, животот и работата го однеле преку океанот, каде со жената дошол во потрага за подобри услови за живот.

„На Балканот е доволно да работите само неколку месеци за да ви стане јасно колку се е непотребно комплицирано, бавно и дека етиката како категорија во работата ја нема. Имав впечаток дека рацете донекаде ми се врзани, бидејќи постојат ограничувања на различни нивоа, како работата да е под херметичко стаклено ѕвоно, додека луѓето кои евентуално достигнале некој домет, сметаат дека се на врвот на светот и се однесуваат арогантно. Во Америка таков став не препознавам (милионерите се скромни) и затоа сакам овде преку работата искрено да се изразам со полна мера и максимален личен потенцијал. Бидејќи граници нема“, вели Никола.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице