05 Мај, 2024
0.1192

(ФОТО) Нова промена на Фејсбук, сигурно ќе ви се допадне!

Објавено во: Стил 20 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Фејсбук апликацијата за паметни телефони наскоро би можела да изгледа поинаку. Имено, популарната социјална мрежа тестира нов дизајн за профилната страница внатре во самата апликација.

На фотографијата која се појави на Твитер се гледа дека профилната фотографија е поместена на средина и дека не се наоѓа како претходно на левата страна. Името на корисникот е испишано веднаш под профилната фотографија, а изгледа дека “cover” фотографијата е помала отколку порано.

Засега не се знае дали и секциите “About”, “Photos” и “Friends” уште се наоѓаат каде некогаш биле, со оглед на тоа дека на една фотографија која го покажува новиот дизајн на профилот се наоѓа известување за промените.

-Тестираме редизајнирани профилни страници на мобилните апликации, а тие ќе го подобрат изгледот и подобро ќе ги презентираат информациите за секој корисник - истакнуваат од Фејсбук.

Погледнете го новиот изглед профил на страницата:

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/menazone/status/633893188147769344/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]