07 Мај, 2024
0.0267

ФОТО: Осум прекрасни предели во Канада

Објавено во: Стил 03 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Најголемото богатство на оваа земја неспорно е природата и величествените глетки кои ги нуди.

Остров Принц Едвард

Најмалата канадска провинција може да се пофали со убави плажи, свежа морска храна и историска архитектура.

2

Национален парк Нахат

Национален парк Нахат е вклучен во списокот на УНЕСКО за заштитени споменици на светското природно наследство од 1978 година. Низ него минуваат реката Јужна Нахат, а водопади и комплекс од пештери привлекуваат милиони туристи.

Заливот на Пеги

3

Тој се наоѓа во источната крајбрежна провинција Нова Шкотска. Најпозната знаменитост е историскиот светилник, изграден во 1915 година.

Езерото Луиз

Езерото Луиз е во Националниот парк Банф. Долго е 2,5 км и длабоко 90 метри. Езерото нуди одлични услови за љубителите на веслање.

4

Нијагарините водопади

Нијагарините водопади се на границата меѓу Канада и САД и за нив нема потреба од реклама.

град Черчил

5

Черчил е еден од ретките градови во светот каде што можете да се исправите лице в лице со најпознатите бели мечки во природата.

Базиликата Нотр Дам

7

Базиликата Нотр Дам се наоѓа во Монтреал и е една од најубавите цркви во Канада. Завршена во 1891 година, таа е прогласена за национален историски објект во 1989 година.

Канал Ридо

8

Историскиот канал Ридо, под покровителство на УНЕСКО, е изграден во почетокот на XIX век. Тој се состои од ланец на езера, реки и канали, се протега на 202 километри од Кингстон до Отава. Во зима 7,8 километри од делот од каналот Ридо се претвора во прекрасно лизгалиште.