(ФОТО) Oва е кинеско чудо за Гинис
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2019
Aеродромoт „Даскинг" во кинескиот град Пекинг е „кинеско чудо“ за Гинис.
Проектот чини 14 милијарди долари. Се очекува зградата на терминалот да биде готова на 30-ти јуни, додека „Даскинг" ќе биде отворен на 30-ти септември оваа година.
Аеродромот има шест писти, 268 простори за паркинг, а површината на терминалот зазема 700.000 квадратни метри.
Се очекува во иднина да биде изградена и седма писта, за аеродромот да биде оспособен за 620.000 летови и 100 милиони патници годишно.
Во петокот е завршена новата фасада на аеродромот.