17 Мај, 2024
0.0287

ФОТО: Ова е место каде природата и архитектурата се испреплетуваат…

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Во срцето на Сингапур има едно место, наречено „Градините крај заливот", што буквално го запира здивот на секој посетител.

2

Местото е мешавина од модерна, високо-технолошка архитектура и тропска природа.

Првото нешто што ве восхитува кога ќе влезете во паркот, се гигантските дрвја.

Уште едно импресивно откритие во „Градините крај Заливот" е огромната купола од стакло, наречена „Шумата облак".

3

Во оваа конструкција како да сте во вистинска прашума, опкружени со дрвја, цвеќиња и џиновски водопади.

Над 500.000 видови растенија се претставени во паркот и повеќето од нив се наоѓаат токму во „Шумата облак".

Во прилог на нив, се ставени мали статуи, врежани фигури од дрво и уметнички дела кои се комбинираат на неверојатен начин со природните елементи.

4

Опкружени од тропската вегетација, гледајќи низ прозорците на куполата, на хоризонтот ви се појавува Сингапур. Се чувствува разликата помеѓу суровата природа и модерното општество.

Џиновските водопади го прават воздухот во внатрешноста на куполата свеж.

Во паркот дошле повеќе од 20 милиони посетители во првите 3 години од отворањето.

5

6