04 Мај, 2024
0.0249

(ФОТО) Ова не е море, ниту езеро: Веднаш ќе посакате да заминете таму!

Објавено во: Стил 24 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Најголемиот базен на светот се наоѓа во хотелскиот комплекс Сан Алфонсо дел Мар во Чиле. Тој е со големина на 20 олимписки базени со должина од еден километар, а со околината покрива површина од околу 7,7 хектари.

Во огромниот базен може да се соберат 250 илјади кубни метри. Оваа огромна вештачка лагуна се наоѓа во градот Алгаробо на 100 км од главниот град Сантијаго.

najgolem bazen 1

Базенот користи компјутерски контролирано чистење и филтрационен систем за вода од океанот. Тоа функционира така што на еден крај водата се пумпа а на другиот се исфрла, додека сончевата енергија се загрева на пријатни 26 степени, што е за девет степени повисока температура одколку на море.

Исто така, на него му припаѓа и гинисовиот рекорд за најдлабок базен на светот. Во него може да се нурка и на длабочина од 35 метри или да се  плови како на отворено море.

najgolem bazen2

Базенот е отворен во декември 2006 година, после речиси пет години градежни работи. Изградбата на самиот базен чинела околу 2,8 милиони евра.

Веќе собирате пари за овој одмор од соништата?