02 Мај, 2024
0.1401

ФОТО: Ова руско езеро е најопасно во светот, може да ве убие за саат време!

Објавено во: Стил 01 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Езерото Карачај, кое се наоѓа на југот на планината Уран, претставува најопасно место на светот. За помалку од саат време во близина на ова езеро може да примите смртоносна доза на радијација.

Satellite_image_map_of_Mayak-620x350

Во текот на четириесетите години на минатиот век, Мајак, руска тајна фабрика за изработка на нуклеарно оружје, е направена за изработка на плутониум за советскиот проект на атомски бомби.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/swarnak7/status/621073037736153089/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Оваа фабрика руската влада вешто ја криела, а дури 50 години подоцна Борис Елцин ја прогласил за отворен регион. Кога тоа се дознало, западните научници кои дошле до овој регион го прогласиле ова преубаво езеро најзагадено место на светот. А тоа е и понатаму.

lake karacaj

Бидејќи станало место за испуштање на радиоактивен отпад, не само што езерото станало загадено туку, и околните места, воздух и вода. Забележан е пораст на заболени од рак за 21 процент, 25 одсто повеќе деца се раѓале со некои дефекти, а 41 одсто повеќе од луѓето добиле леукемија.