07 Мај, 2024
0.0240

ФОТО: Ова се прекрасните шкотски замоци…

Објавено во: Стил 07 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Шкотска изобилува со древни замоци.

Од главниот град Единбург до драматичните планински предели, целата земја е „посеана“ со овие древни замоци. Еве ги најимпресивните од нив:

Елен Дона, грофовијата Инвернес

Овој замок е од XIII век и е лоциран во средината на езеро, а со копното е поврзан преку тесен пешачки мост. Замокот често е декор за телевизиски и кинопродукции. Посетителите можат да се прошетаат низ собите, за да видат антички мебел, предмети и оружје.

Замокот Единбург

Можеби е најпознатиот и еден од најпосетените замоци во Шкотска. Се наоѓа во центарот на главниот град. Многу луѓе патуваат таму специјално за да го видат кралскиот накит на Шкотска. Туристичките тури се дозволени.

Замокот Фрејзер

Изграден е меѓу 1575 и 1636 година на имот од над 300 акри.  Лоциран е меѓу тревници и шумски масиви.

655-402-elyn-donan

655-402-frejzyr