17 Мај, 2024
0.0261

ФОТО: Овој град е новата Мека на европскиот туризам…

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Главниот град на Португалија, Лисабон привлекува сè повеќе европски туристи кои бараат автентичност.

655-402-lisabon (2)

Се почесто го посетуваат француските туристи,  Британците, Шпанците и Германците.

„Ние директно се натпреваруваме со Мадрид, Барселона, Виена, Амстердам и Берлин. Лисабон стана полесно достапен со новите врски, кои беа промовирани летото во 2014 година од авиокомпаниите"- коментира за Витор Кошта, генерален директор на Асоцијацијата за туризам на Лисабон.

655-402-lisabon

Застарените згради се реставрирани, ребрендирани се излози на бутици, има се повеќе хостели, хотели, капацитети за сместување.

Туризмот е моторот на економијата на градот и нè спасува од кризата, велат претприемачи од градот.

655-402-lisabon (4)

Лисабон има два објекта заштитени од УНЕСКО како светско културно наследство: Кула Белем и Црква Јеронимо. Од сите главни градови во Европа, Лисабон  има најтопли зими.