26 Април, 2024
0.0303

ФОТО: Пауловнија во Алгуња – потребни се години за враќање на инвестицијата

Објавено во: Агробизнис 05 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Педесет и три годишниот Зоран Димитриевски кој живее во Скопје, засадил дрво пауловнија во селото Алгуња во општина Старо Нагоричане.

еееееееее

На површина од 15 декари има 830 садници од ова дрво кое станува популарно и во Македонија. За Димитриевски која се занимава со угостителство, ова е дополнителна дејност и можност за приходи по неколку години.

дддддддддддд

„Идејата беше на син ми кој читал на интернет дека ова дрво расте брзо и одлучивме да засадиме во селото Алгуња. Насадот е стар една година и сме задоволни од тоа како дрвцата напредуваат. Некои се високи по 70 цм, а други достигнуваат и до 2 метри. Истото дрвце го имам засадено и дома во Скопје. За наводнување користам систем капка по капка, инаку покрај коренот мора да се исчисти тревата. Потребно е прскање, ние ги прскавме дрвцата два пати и се придржуваме до прописите за одгледување“ - вели тој.

Раскажува дека и други луѓе во кумановско се распрашуваат за засадување на ова дрво и за условите во кое тоа вирее.

аааааааааааааа

„Ова дрво се користи за мебел, за бродови и се надевам дека насадот ќе биде успешен. Дури и да немаме профит, инвестицијата ќе се поврати по неколку години. Да го проширам насадот со пауловнија засега не планирам, но сакам да се занимавам со сточарство“ - раскажува Димитриевски.

Пауловнијата е листопадно дрвенесто растение, со потекло од југоисточна Кина. Тоа е најбрзо растечко дрвенесто растение, кое го има во Кина, Јапонија, а во последниве години и многу македонски земјоделци го засадуваат на нивите со надеж дека по неколку години ќе го продадат и добро ќе заработат.

бббббббббббб

Во Европа пауловнијата е донесена во 19 век. Стеблото се користи за добивање дрвна маса, гранките се користат за производство на биогориво и пелети, листовите се хранливи за животните, но и се применуваат во фармацевтската индустрија.

С.А.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади