(ФОТО) Погледнете го островот на боговите: Ова место е најлудо на светот!
Објавено во: Стил 29 Јули, 2015
Островот Јеју се наоѓа на само 130 километри јужно од Корејскиот полуостров и претставува најмала провинција во Јужна Кореја.
Тоа е најголемиот остров кој се наоѓа на овој полуостров, а познат е по тоа што тука се наоѓа заспан вулкан и највисоката планина Халасан.
Оваа планина се издигнува 1950 метри над нивото на морето, а тука се наоѓаат уште и тунели од лава, пештери со подземно езеро ... како и 360 ситни сателитски вулкански острови кои го опкружуваат.
Инаку островот е трипати победник на УНЕСКО: дел е од светската природна градина, во 2011 година е прогласен за едно од седумте светски чуда, од 1966 година е и национален парк.
И на крај, но не малку важно, познато е како островот на љубовта, воглавно поради Ловландот - тематскиот парк посветен на љубовта.
На островот постојат преку 200 автохтони билки, 33 ендеми, 17 видови шишарки , 8 водоземци, 198 видови птици и повеќе од 900 видови инсекти.
Oвој остров на богови е троструко природно чудо и омилена дестинација за биолози, геолози, односно за сите научници.
Исто така, ваква дестинација привлекува и љубопитни туристи.