07 Мај, 2024
0.1845

ФОТО: Помалку познати места во Бугарија со неверојатен поглед

Објавено во: Стил 02 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Додека ги обиколувате плажите и планините, местата со прекрасен поглед често остануваат скриени.

Карпите над село Добравка

Село Добравка се наоѓа во северозападна Бугарија и токму тоа е едно од оние места со прекрасен поглед, место кое секој треба да го посети. Неверојатни карпи се наоѓаат северно од селото. Поради близината на Белоградчишките карпи, тие оставаат во нивната сенка и не се толку познати. Има информативни табли, кои ќе ве упатат, како и места за одмор, а од карпите се открива убав панорамски поглед.

бббббббббббббббббббб

Бекови карпи - Равногор

Од една страна се најубавите ридови на Западни Родопи, од друга - сино-зелените води на браната „Воча". На карпите има клупи за одмор, на кои може да се поседи.  До Бекови карпи се доаѓа по удобен пат од село Равногор.

цццццццццццццццц

Природна атракција Чудните карпи

Чудните карпи се десетина убави карпи високи по 40-50 метри. Со формите си личат на кули од средновековен замок. Формирани се од ветрот и водата врз варовничките карпи по должината на брегот. Карпите се издигнуваат директно од страните на браната „Цонев", каде се исклучително стрмни.