06 Мај, 2024
0.0245

(ФОТО) „Портокали бич“ рај за дивите кампери, најневообичаеното место за одмор!

Објавено во: Стил 24 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Борова шума, распослани шатори, весели и среќни опуштени луѓе. Мали плажи златно бел песок, прозрачно море. Замислете одмор без струја, без вода, нема интернет... Сурова убавина што остава без здив и тоа на само 200 километри од нашата јужна граница. Проверете дали може да додржите...
portokali bic2
 
Борова шума, мирис на смола и звуци од бранови. Излегуваш од шумата и две – три минути се спушташ низ козјите патеки на стрмните карпи. Пече, топло е, почнува да нервира. Го гледаш пред себе прозрачното синкасто море, го чувствуваш златно-белиот песок. Влегуваш во водата и чувствуваш олеснување по извозените 200 километри од македонско-грчката граница. Го чувствуваш ветрот, гледаш убавина околу себе. Фасцинира глетката на гордите три врва на „Света Гора“ исправени пркосат на сонцето и ветрот, остава без здив мистичниот полуостров кој има посебен статус и суверенитет добиен од грчката држава.
portokali bic4 Се вртиш кон плажата и гледаш кон боровите распослани на брегот и стрмните карпи под нив. Неверојатна убавина, мешавина на бои и звуци, свежина и мирис на јод. Сурово и преубаво, недопрена природа. Сетилата доааѓаат до израз, ја перцепираат и процесираат сета убавина... Тешко со зборови може да се опише уникатноста и суровата убавина на „Портокали бич“ место распослано на неколку километри пред Сарти, туристичкиот бисер на Ситонија, вториот крак на полуостровот Халкидики.
portokali bic1
Место на кампување кое привлекува многубројни љубители на кампинг – културата од Грција, од соседните земји, но и од Полска, Чешка, Словачка, Германија, Холандија и од каде уште не. Ова е место што под боровите крошни обединува поддржувачи на кампинг културата што западот на ја нрекува „фри кампинг“, а ние „див камп“.
Да таму нема вода, нема струја, нема одбележани места за поставување шатори секој наоѓа своја локација, нема или многу ретко има камп приколки. Нема ниту тоалети, дури ниту оние пластични и мобилни сандаци на „Тои фор“.
portokali bic3 Овде секој се предава на природата. Секој се враќа на исконското. Нема интернет, нема струја, нема паметни телефони. Секој времето го минува во синергија со своите најблиски или со природата. Луѓето комуницираат меѓу себе, не плескаат прсти по нивните паметни телефони освен кога се фотографираат. Нема лежалки, само продавач на крофни и тоа од време на време.
На површина од десетина километри кривулест каменест брег има дузи мали плажички во вдлабнатите карпи со златен песок. Има само еден шанк пред кој се распослани лежалки и позади шанкот брмчи агрегат што произведуав струја за шрижидерите и апаратите во шанкот. Да и за да свири музиката. Тоа е единствената комерцијална, ако така може да се каже, плажа на „Портокали-те“. portokali bic5 Секој што сака предизвик треба да се обиде. За да види како изгледа да се тера викенд или одмор без струја, без вода од чешма, во шатор, под борова шума. Со звуци на музика од Боб Марли, помеѓу „искулирани“ кампери кои секогаш се добро расположени, слободни и го тераат својот филм. Местото нуди посебно и комплетно доживување особено навечер кога се палат фенерџиња и камперите кулираат под отвореното ѕвездено небо во добро друштво.