18 Мај, 2024
0.0377

(ФОТО) Потресни податоци за смртта на Дијана! Протече таен разговор помеѓу Блер и Клинтон

Објавено во: Стил 08 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Доверлив разговор помеѓу Тони Блер и Бил Клинтон во ноќта, во која загина принцезата Дијана, протече во медиумите. Стенограмот од над 500 страници беше објавен од „Daily Mail“.

Од него е јасно дека тогашниот британски премиер Тони Блер му телефонирал на американскиот претседател Бил Клинтон, соопштувајќи дека „ѕвездата изгаснала“.

„Здраво, Бил. Ова е ужасно, едноставно ужасно. Лично на мене ќе ми недостасува, таа беше како ѕвезда. И ете, ѕвездата изгасна. Таа беше од обично семејство, но за простите луѓе беше необична“, рекол Блер. „Да, тоа е ужасно. Луѓето ја сакаа“, рекол Бил Клинтон.

dajana 1

„Се видовме пред една недела, на ручек заедно со принцот Вилијам“, истакнува британскиот премиер. А американскиот претседател изразува загриженост за нејзините деца.

„Таа умееше да наоѓа заеднички јазик со апсолутно секој човек. Поголемиот нејзин син личи на неа, тој е мирен како мајка му“, додал уште Тони Блер. Запрашан за деталите околу инцидентот, тој вели дека е можно телохранителот на принцезата да е жив и да знае нешто. „Во хотелот побарале автомобил и возач. Зборуваат дека нејзините и пратиле пијан возач. Амбасадата и француската влада не знаат ништо“, коментирал Блер. Тој ја споделува недовербата дека под мостот Алма во Париз се случи само инцидент.

dajana 2

„Ова едноставно е невозможно, тврдат дека возел со 100 милји на час. Со таква брзина не можат да поминат низ овој тунел“, наведува Блер.

„Би требало да се преврат на патот и да се удрат во ѕидот“, забележува за возврат Клинтон.

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во тунел во Париз заедно со Доди ал Фајед и нивниот возач Анри Пол на 31 август 1997 година. Нивниот автомобил Мерцедес-Бенз S280 се удри во тринаесеттата колона на тунелот Алма. Причините за инцидентот и во моментов остануваат мистерија. Според една од верзиите возачот бил мртов пијан, според друга возел премногу брзо, за да ги избегне папараците.

Единствениот преживеан во несреќата е телохранителот. Тој, сепак добива сериозни повреди, и ја губи својата меморија, што пак ја спречи полицијата за да ја дознае вистинската слика за трагедијата.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“