26 Април, 2024
0.0311

МИ-ДА ГРАНД МОТОРС ЈА ЗАВРШИ СВОЈАТА ПОТРАГА

(ФОТО) Пронајдена најстарата Fiesta во Македонија

Објавено во: Мои пари 22 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Денес, во салонот на Ми-Да Гранд Моторс Македонија, беше презентирано најстарото возило Ford Fiesta во Македонија во сопственост на скопјанецот Бојан Тодороски.

Изборот на најстарото возило од овој модел, според Дритон Заири, директор на компанијата Ми-Да Гранд Моторс, е дел од необичната кампања „Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.

„При оваа потрага запознавме многу наши верни клиенти од најразлична возраст, пол, професија и слично. Но, наша цел беше да ја најдеме токму најстарата Fiesta во Македонија и успеавме во тоа. На најстарата Fiestaзасега не правевме никакви корекции за да ја задржиме нејзината автентичност. Од утре, овој автомобил, ќе влезе во нашиот сервис за лимарија и во механичкиот сервис и за околу 40 дена, ќе ја претставиме најстарата Fiesta во ново руво“, рече Заири.

Бојан Тодороски, сопственик на најстарото возило Fiesta, ја пренесе својата лична приказна и соживувања со ова необично возило.

„Како љубител на олд тајмери особено сум среќен што „мојата прва љубов“ - возилото со кое учев да возам, ќе доживее разубавување, подмладување и враќање во првобитната состојба, благодарение на тимот на Форд, МиДа Гранд Моторс- изјави 30 годишниот Бојан Тодороски, сопственик, односно наследник на најстарата Фиеста во Македонија која веќе 30 години се наоѓа во семејтвото Тодороски од Скопје“, рече Тодороски.

Моментално се произведува шестата генерација Ford Fiesta, која стартуваше во 2008 година и според Кирил Утевски, продукт менаџер во Ми-Да Гранд Моторс, „Fiesta-та е вистински репрезент на идејата и филозофија на Хенри Форд, кој сакал автомобилот даб биде достапен за секој човек и истовремено, да претставува уживање при возењето. Со епитетот најпродаван мал автомобил во Европа и Македонија, Форд Фиеста продолжува понатаму „GoFurther“.

Потрагата по сопстеникот нанајстарата Ford Fiesta“ траеше повеќе од еден месец и секој што поседува вакво возило, се пријавуваше на официјалната Facebook страница на Ми-Да Гранд Моторс со лични податоци (име и презиме), податоци за возилото (година на производство) и фотографија од возилото. Исто така, Ми-Да Гранд Моторс додели симболични награди за сите што учествува во кампањата.


Новата генерација Ford Fiestaвеќе е најавена за следната година. Инаку и Македонија се вклучи во глобалното одбележување на јубилејот „40 години Ford Fiesta, преку организирање на кампањата „СЛАВИМЕ FEISTA“, која досега е продадена во околу 17 милиони примероци. Ова возило е најпродавано мало возило во Европа и еден од најпопуларните автомобили во светот. На сопствениците им нуди стил, економичност и квалитетни перформанси.


Можеби ќе ве интересира

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи