27 Април, 2024
0.0297

(ФОТО) ПУТИН СЕ ПОЧЕСТИ НОВА ВИЛА ВО ЛА ЗАГАЛЕТА: Токму таму ќе развива и нов бизнис!

Објавено во: Стил 21 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Рускиот претседател Путин купи нова вила во Ла Загалета, која веројатно е највредна во овој дел...

Неговата нова вила чинела минимум околу 35 милиони евра, иако точната сума не е откриена за јавноста.

Путин инаку оваа вила ја купил како би се занимавал со одгледување на лозарство, па го ангажирал и познатиот енолог Питер Сисек, кој ќе биде задолжен за надгледување на производството на грозје, а потоа и просецот на варење. Дваесет и пет најдобри сорти грозје од кои секако се добива најдобро вино, ќе бидат посадени на сончевите тревести површини кои ја обиколуваат неговата нова вила.

Пингус сортата на лоза е опишана како култна а може да се продава по многу високи цени, ако се произведе без ѓубриво и пестициди. Токму тоа го сади претседателот Путин, а цената на една флаша вино од ова грозје се движи и преку 900 евра.

Следена со исклучително контролирана берба, верзијата на Путин од ова вино ќе биде произведена во два огромни подземни подруми, сместени во неговата вила со десет спални соби. Тој оваа вила ја купил пред две години и досега се занимавал со нејзин редизајн. Виното кое тој ќе го произведува ќе созрева во буриња од француски даб во претходно спомнатите подруми, чија инсталација чинела околу 1 400 000 евра.

Вилата се наоѓа во ексклузивниот и ограден Ла Загалета имот, има приватен хелиодром и гаража со доволно места за 22 автомобили. Неговиот шпански дом се наоѓа на мала оддалеченост од Малага аеродромот, а има површина поголема од 18 000 м2 и се наоѓа на 400 метри над нивото на морето, на помалку од 10 километри од плажа.

 Неговата мега куќа има формално пијано бар, како и библиотека декорирана со дрвени панели, која се протега на две нивоа. На долното ниво се наоѓа приватен базен, со одвоено џакузи и спа оддел со фитнес опрема, додека тука е и домашното кино, близу винскиот подрум кој поседува приватен бар за шампањ.


Како што тврдат светските медиуми, се очекува бројни пријатели на Путин и негови соработници да купат свои имоти во овој крај, а многумина од нив веќе сега поседуваат недвижнини во овој дел од светот. Инаку, овој дел на Ла Загалета е под константен полициски надзор, така што сопствениците на мега вили ќе можат безбедно да уживаат во се што им нуди животот.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти