(ФОТО) СЕ СТРЕСЕ РИМ: Силна експлозија во Италија
Објавено во: Свет 12 Мај, 2017
Силна експлозија утрово имаше во Рим при што е оштетен еден автомобил.
Различни информации имаше за локацијата на експлозијата. Некои пишуваат дека тоа е кај поштата, а други дека е кај зградата на ОН.
„Република“ пишува дека нема повредени и дека експлозијата се случила во улицата Мармората.
Наведува дека експлодирале две експлозивни направи на паркинг.
На лице место има Брза помош, пожарникари, полиција и единица за деактивирање.