02 Мај, 2024
0.0389

ФОТО: Што купи турската прва дама за 50.000 долари во Варшава?

Објавено во: Стил 12 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Емине Ердоган, сопругата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган купила во Варшава антиквитети за 50.000 долари, пишуваат турските весници.

аааааааааааааа

Таа од познат пазар за антиквитети во Варшава купила  бројни предмети и мебел од 20-те години на минатиот век, меѓу кои порцелански сервиси, маса, стол, кабинет и други работи. Овие информации ги објавија турски медиуми повикувајќи се на полските медиуми. Изданијата истакнуваат дека додека претседателот Реџеп Таип Ердоган имал официјални разговори во саботата во рамките на самитот на НАТО во Варшава, неговата сопруга поминала два часа на пазар за антиквитети во полската престолнина.

ббббббббб

Турската прва дама била придружувана за време на прошетката на пазарот од полски и турски телохранители, а потоа купените антиквитети биле спакувани и натоварени во автомобили.