26 Април, 2024
0.0264

(ФОТО) СТОПИРАЈЌИ ОТИШОЛ ДО ИРАН: Mу рекле дека доаѓа од Србистан

Објавено во: Стил 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Бојан Стекиќ, студент по фотографија од Србија авто стоп отишол дури до Иран. 

Вели дека луѓето имаат лошо мислење за оваа земја затоа што во медиумите слушаат вести во негативен контекст, но тој смета дека земјата има богатство кое треба да се види. 

„Кога цариникот го виде мојот пасош, почна да вика „Србистан, Србистан“. Другите цариници веднаш дотрчаа да видат како изгледам, а најгласните споменуваа имиња на српски спортисти“- вели Стекиќ. 

Од луѓето, до храната и знаменитостите, оваа земја ги надминала очекувањата на српскиот студент. 

Стекиќ тврди дека убавината на оваа земја се гледа на секој чекор, во секој детал, а луѓето смета дека се најљубезни на свет. 

Студентот вели дека во земјата се чувствувал безбедно, и сака повторно да го посети Иран. 

Посетил повеќе градови, а попат и многу села. 

„Луѓето, архитектурата, историјата и храната ми оставија најдобар впечаток. Добри луѓе подготвуваат уште подобра храна“ - вели тој. 

Објаснува дека шафран е зачинот кој го користат во многу јадења, а локалното население не зборува англиски јазик. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти