19 Мај, 2024
0.0274

(ФОТО) ТОП 10 најубави плажи во Грција-Задолжително треба да ги посетите

Објавено во: Балкан, Стил 18 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Грција е една од дестинациите на кои Македонците често упатуваат поглед кога станува збор за одмор. Таму можат да се видат незаборавни морски глетки, плажи и уникатни пејзажи на морскиот брег, опкружени со планини. И бидејќи сезоната е почната решивме да ви ги покажеме најубавите плажи кои треба да ги посетите.

Миртос, Кефалонија

mirtos

Плажа Миртос (Myrtos) се наоѓа во Кефалонија. Егзотичните и импресивни глетки изобилуваат на ова место. Плажата е толку долга што изгледа како да нема крај, додека чистите сино-зелени води се фрлат во белите карпи. Плажата се наоѓа меѓу две од величествените планини, Кало Орос и Агиа Дина. Имајќи предвид дека е опкружена со прекрасна природа во комбинација со чиста вода, не е изненадување што е едно од најчесто посетени места кај јужните соседи.

Плажите на островот Емпалос

empalos

Ако барате место со неизменета убавина, упатете се кон една од најубавите плажи во Грција, имено кон островот Емпалос (Mpalos). Ќе се убедите дека нема ништо поубаво од глетката кога брановите не престануваат да го бакнуваат брегот, без разлика колку пати се враќаат назад. Полуостровот Грамвоуса во северозападниот дел на Ханија создава неописливо возбудлив залив.

Саракинико, Милос

sarkiniko

Плажата Саракинико (Sarakiniko) се наоѓа во Милос. Местото е како од филм во стил на "фантастика"со сјајната бела песочна плажа. Пејзажот е образуван од вулкански карпи, што ја прави еден од најубавите плажи. Не пропуштајте да уживате во некое зајдисонце и да се опремите со апарат.

Силос, остров Елафонисос

silos

Крај бреговите на Лаконија е скриен мал егзотичен остров по име Елафонсиос. Ќе се убедите дека е како изваден од разгледница со своите совршени песочни дини на плажата Симос. Комбинацијата од проѕирна вода и вистински бел песок прави ова место го прави дестинација која е тешко да се заборави на териториите на Грција. Местото е идеално за луѓе кои сакаат да се забавуваат. Младите луѓе се главни посетители. Таму тешко дека ќе видите семејства со деца.

Вутуми, Антипакси

vutumi

Во месноста Антипакси, ќе ја најдете плажата Вутуми (Voutoumi). На ова место ќе успеете да се релаксирате под топлите сончеви зраци, како и да пробате некој од бројните морски специјалитети во крајбрежните ресторани и таверни.

Плажата Порто Кацики

porto kaciki

Плажата Порто Катсики е една од најубавите плажи во Грција. Се одликува со неповторлив шарм на територијата на Лефкада. Се издвојува по стрмните карпи и нежен бел песок покрај постојано блага клима. Кампувањето таму е забрането, па дури и да сте љубител на спиењето во природа, ќе треба да си резервирате соба.

Навагио, Закинтос

navagio-zakintos

Во 1960 година се урнал брод во близина на брегот на Закинтос. Денес неговите останки се уште се на брегот на плажата. Ова е една од причините местото да стане омилено на нуркачите и истражувачи. До плажа можете да стигнете само со брод. Навагио ќе ве импресионира со неверојатно убава вода и топло време. Единствениот недостаток на местото е дека понекогаш е премногу гужва.

Плажа Врика

vrika plaza

Ако сакате да пливате непречено или да нуркате, плажата Врика е едно од местата кои ќе ве поздрават со соодветни услови за спортот. Ќе видите многу уникатни морски животински видови. Со брод од Крф можете да си подарите една убава авантура. Препорачливо е да ја посетите плажа рано наутро, бидејќи обично станува пренаселена.

Плажа Агиа Елени

agia eleni plaza]

Плажата Агиа Елени е соодветно место за посета од групи, бидејќи таму има за секого по нешто - планини, бич барови и ресторани, водни тркала и кристално чиста вода за слободно пливање. Затоа е една од најубавите плажи во Грција.

Плажа Палеохори

paleohori

Одете по кривулестиот пат јужно од Зефириа и по околу 10 километри ќе ја најдете уникатната убавина на плажата Палеохори. Подводната вулканска активност ја задржува водата топла во текот на целата година. Местото е мирно и релаксирачко, но бидете внимателни кога пливате бидејќи често има бранови. Плажата не е идеална за нуркање поради лошата видливост во водата, резултат од брановите , но и покрај тоа изобилството од подводен живот е големо.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс