(ФОТО) ТРАГЕДИЈАТА ВО ЏЕНОВА ВО СЛИКИ: Фотографиите доказ на целиот ужас на мостот на смртта каде загинаа 35 луѓе
Објавено во: Свет 15 Август, 2018
Билансот на мртви при уривање на надвозникот во Џенова надмина 35 луѓе, а 16 се повредени.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте го посетил местото на несреќата каде се урна надвозникот во Џенова и тоа го нарече „огромна трагедија“.
Тој за државната тв РАИ изјавил дека е „шокантно да се види урнат мост и жртвите кои спасувачите ги извлекуваат“.
Конте исто така ги пофалил стотината спасувачи кои се на местото на несреќата, истакнувајќи дека „тие ги спасиле луѓето кои паднале од 45 метри висина и кои сега се живи и во болница, пренесува АП.
Како што е познато оваа трагедија која сведоци ја опишаа со „апокалиптични глетки“ се случи вчера.
(ВИДЕО18+) СТРАВИЧНО: Погледнете го моментот на уривање на мост во Џенова-автомобили паѓаат, луѓето врескаат
ФОТО: АП