06 Мај, 2024
0.0239

(ФОТО) Три ексклузивни места во Црна Гора каде без размислување ќе го поминете одморот

Објавено во: Стил 26 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Црна Гора секогаш била една од најомилените туристички локации. И во неа, меѓутоа, постојат места кои се резервирани само за оние најимотните.

СВЕТИ СТЕФАН

Во непосредна близина на Будва се наоѓа најголемиот бисер на Јадранот. Островче поврзано со копнен земјин насип се истакнува уште од 15 век, кога се изградени првите тврдини и цркви, пред Турците, кои претходно го освоија Котор.

Всушност според пишувањата, Свети Стефан, бил некој вид симбол на победа над Турците, кога Котораните заедно со црногорското племе Паштроцичи, успеале да го ослободат градот, и од преземаното богатство на освојувачи да изградат куќи за ова племе.

На највисока точна на островот се наоѓа црквата Свети Стефан, по која и островот го добил името, а тука е и црквата Александар Невски. Таа најмалата, посветена на Преображение ги чека посетителите веќе на влезот на ова преубаво место.

Островот во педесетите години на минатиот век стана ексклузивно одмаралиште. „Аман Ресортс“ ги презеде островот и Милиочер 2006 година, и од тогаш Свети Стефан стана скапо место за совршен одмор и мир.

И ден денес потомците на Паштович на платото пред црквата во носии и со специјалитети ќе ги покажат пред гостите, воглавно од земјите од Западна Европа и Русија, моментните на историја на ова единствено место.

Не е ни чудно што светските звезди како Силвестер Сталоне и Софија Лорен, речиси и Марија Шарапова, одлучиле неколку дена да поминат баш тука. И сам Новак Ѓоковиќ не можеше да избере поубаво место за венчавка од ова.

svstefan svstefan2 svstefan3 svstefan4

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/7cSWImzpTVQ[/embed]

ЛУШТИЦА БЕИ

Од луксуз на местото старо со векови тргнуваме кон она кое е во процес на изградба веќе две години, на историската раскрсница помеѓу Бококоторскиот залив и Будванската ривиера.

Во Луштица, општина Тиват, компанијата  “Orascom Development” во 2009 година со Владата на Црна Гора договориле за развој на голем проект ЛУШТИЦА БЕИ. На околу 690 хектари , полека никнува исклучително стамбен комплекс.

Седум хотели со повеќе од илјада апартмани, 500 вили и куќи, трговска содржина, училишта ... Во Луштица расте вистински мал град, а веќе 70 сопственици на станови ги добија своите клучеви.

Во наредните години се очекува овој град за одмор целосно да оживее.

Lustica-Bay-2015-01 Lustica-Bay-2015-05 Lustica-Bay-2015-06 Lustica-Bay-2015-08 Lustica-Bay-2015-09 Lustica-Bay-2015-10 Lustica-Bay-2015-12 Lustica-Bay-2015-14

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/R-Eg3ysHz4E[/embed]

ПОРТО МОНТЕНЕГРО

Ова Тиватско место стана најексклузивно место во Црна Гора. Луксуз на секој чекор - десетина приватни јахти се закотвени на брегот на приватната плажа и ексклузивни бутици и кафе барови , со круна во вид на хотелот  “Regent.

Клиенти воглавно се од Далекиот Исток и имаат шанса да уживаат во убавините на ова место, а се обезбедени и станови кои се граделе во последните години.

Хотелот “Regent” е отворен минатиот август, и добил многу признанија за една година работа. Ова е инаку единствен хотел со пет звезди на овие простори.

Photo-1 Photo-2 Photo-3 Photo-4 Photo-5 Photo-6 Photo-7 Photo-8 Photo-9

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/mhybsU4zG1g[/embed]