07 Мај, 2024
0.0248

ФОТО: Трново – на прво место меѓу најубавите градови во светот

Објавено во: Стил 01 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Уште еднаш бугарската природа и архитектура беа оценети не само на локалнo ниво, туку и во странство.

ccccc

Велико Трново го освои првото место во листата на најубави места во светот, изградени на чисти падини, соопшти сајтот „Панорама". Избраните локации се наречени „архитектонски накит", а градовите кои се нашле на листата - „богатства".

aaa

Не било воопшто лесно да бидат изградени на такви тешко достапни места што се посочува како пример за желбата на човештвото да ја потчини дивината, дури и кога не станува збор за градби со одбрана цел. Италијанците се категорични дека Велико Трново, како и другите места на листата, предизвикуваат  фасцинација која им се запечатува за долго време во главите.

slide1

Колку престижна е лидерската позиција на бугарскиот град докажуваат имињата на другите градови во негов ранг: комплексот од манастири Метеори во Грција, шпанскиот град Ронда, францускиот Рокамадур, италијанските Риомаджоре, Вернаца, Чивита ди Банаореџо, Пиодао во Португалија, Вади дава во Јемен, Санторини во Грција и други.