30 Април, 2024
0.0348

(ФОТО) Уникатна куќа на Флинстоун која никој не сака да ja купи

Објавено во: Стил 25 Јули, 2016

Добивај вести на Viber

Уникатна куќа, која се наоѓа во американскиот град Хилзбро, во Калифорнија, останува непродаденa, иако веќе 1 година е на пазарот. За жителите на Сан Франциско имотот е познат како „Куќата на Флинтстоун“.

Таа се протега на голема површина и првично е ставена на аукција за 4,3 милиони долари. Сепак, се чини дека никој не е толку фасциниран од „Куќата на Флинтстоун“, за да даде богатство за неа.

Всушност многу од соседите и локалните луѓе го нарекуваат имотот грда глетка, особено откако е обоен во портокалова и виолетова боја, пренесе „Tech Insider“.

Еве го и домот, кој предизвикува контроверзни чувства кај локалните мештани:

Дури оддалеку се гледа дека „Куќата на Флинтстоун“не е стандарден имот

neobicna kukja1

Имотот, направен од бетон, бил обоен во портокалова и виолетова боја и оттогаш локалните жители не го сакаат. Кога куќата била изградена во 1976 година, таа била во бела боја.

neobicna kukja2

Целата куќа е украсена со обложени и уникатни уметнички дела кои одговараат на надворешноста

neobicna kukja3

Боите внатре одговараат на оние однадвор

neobicna kukja5

Имотот е изграден со нестандардни тавани

neobicna kukja4

Една од најневообичаените кујни, кои некогаш сте ги виделе

neobicna kukja7

Трпезаријата со прекрасен поглед кон надвор

neobicna kukja9 neobicna kukja8

Спалната соба со прозорец на таванот за глетки кон ѕвездите

neobicna kukja10

Бањата на Флинстоун изградена делумно од камен

neobicna kukja12 neobicna kukja11

Холот во кој можете да одморате до каминот

neobicna kukja13

Дворот со убава градина

neobicna kukja14

neobicna kukja15