17 Мај, 2024
0.0358

(ФОТО) УНИКАТНИ И ЕДИНСТВЕНИ: 10 поразлични плажи во светот

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Овие плажи ширум светот се посебни и уникатни сами по себе. Се разликуваат од многу обчни плажи а она што ги издвојува и прави интересни ви го претставуваме во прилог.

„Boulders Beach“, Калифорнија

1 (6)

Плажата е на африканските пингвини. Илјадници од нив живеат таму и може да се каже дека местото им припаѓа нив. Африканскиот пингвин спаѓа во загрозени видови.

„Xinghai Beach“, Кина

2 (7)

Ова е една од нај населените плажи во светот. Во летото особено плажата е населена од илјадници луѓе кои седат на мала оддалеченост еден од друг.

„Glass Beach“, Калифорнија

3

Како би изгледала плажата ако наместо песок, земјата е покриена со стакло? Тоа може да го видите на „Glass Beach“. Со текот на времето сите стакла се деформираат со димензии на камчиња и му даваат на местото шарен изглед.

„Hyams Beach“, Австралија

4 (1)

Hyams Beach е неверојатно место. Таа се карактеризира со тоа што го поседува најбелиот песок во светот, што го прави многу убаво и сакано место за одмор.

„Gulpiyuri Beach“, Шпанија

5

Одејќи низ ливадите ќе видите убава плажа која личи оаза во средината на убава полјанка. Тоа е „Gulpiyuri Beach“.

„Punaluu Beach“, Хаваи

6 (1)

Како што има плажа со најбел песок во светот, така има и со најцрн. „Punaluu Beach е единствената плажа со црн песок, благодарение на претходна вулканска активност.

„Hot Water Beach“, Нов Зеланд

7 (1)

Најпознатите природни топли бањи во светот се наоѓаат на „Hot Water Beach“. Водата во нив достигнува над 40 степени, благодарение на топлината од длабочините на земјиштето во областа.

„Maho Beach“, Сент Мартин

8

„Maho Beach“ се наоѓа во близина на аеродромот и кога авионите се приземјуваат, тие буквално прелетуваат над главите на луѓето кои се капат.

„Златни рат“ Хрватска

91

Сигурно ќе се запрашате што е посебно на оваа плажа? Всушност тоа е неговата форма која во зависност од плимата, движењата и ветровите, формира триаголник, кој се протега во морето. Понекогаш наликува и на јазик.

„Playa Del Amor“, Мексико

10

Оваа скриен плажа се наоѓа во дупка на островите Marietas. Во отворот можат да се видат неколку пештери и воден тунел.