ФОТО: Ураганот Метју однесе над 800 животи - опасноста уште демне
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2016
Од ураганот Метју на Хаити починаа повеќе од 842 луѓе, а има и многу повредени.
Повеќе од 62.000 луѓе се сместени во привремени засолништа.
Повеќето од нив настрадале од паднати дрвја и остатоци од урнатини кои ги носел ветер со брзина од 230 километри на час.
Владата на Хаити соопшти дека најмалку 350.000 лица имаат потреба од помош.
Со силни ветрови, кои на момент достигнуваа брзина и од 195 километри на час, ураганот Метју утрово помина над источниот брег на Флорида. Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба во неколку држави на источното крајбрежје, а наредена е и итна евакуација на најмалку 3 милиони лица. Гувернерот на Флорида им препорачаа на лицата кои не успеале да се евакуираат да не ги напуштаат своите домови се до сабота наутро. Повеќето аеродроми во регионот се затворени, а откажани се најмалку 3000 летови.
Хаити често е на удар на урагани, а во 2010 година во земјотрес загинаа над 250.000 луѓе.